0_Спорт.ПорталКошарка

Донован назначен за нов тренер на Чикаго

НБА лигашот Чикаго булс го промовира Били Донован на тренерската функција. Во согласност со клупската политика, условите на договорот не беа обелоденети.

Чикаго, 23 септември 2020 (МИА) – НБА лигашот Чикаго булс го промовира Били Донован на тренерската функција. Во согласност со клупската политика, условите на договорот не беа обелоденети.

Педесет и петгодишниот Американец соработуваше со Оклахома сити во последните пет години. По сезоната 2019/20 беше одлучено да не се продолжи договорот со него, па кошаркарскиот стручњак остана без клуб.

Во регуларниот дел од сезоната 2019/20, Булси предводени од Џим Бојлен, завршија на 11. место во Источната конференција и не влегоа во плејофот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close