БизнисБизнис.Портал

Донирано свежо овошје за здравствените работници директно вклучени во борба против коронавирусот

Педесет илјади евра за борба против пандемијата е досегашната донација од компаниајата Моzzart, која, исто така, во изминатиот период организира континуирано хуманитарни акции за обезбедување свежо овошје за медицинскиот персонал во повеќе болници кои директно се вклучени во борбата против коронавирусот.

Скопје, 5 август 2020 (МИА) – Педесет илјади евра за борба против пандемијата е досегашната донација од компаниајата Моzzart Bet, која, исто така, во изминатиот период организира континуирано хуманитарни акции за обезбедување свежо овошје за медицинскиот персонал во повеќе болници кои директно се вклучени во борбата против коронавирусот.

-Досега се донирани повеќе од 2.500 килограми овошје, распределени во повеќе болници низ државата, а меѓу нив се Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, Градската општа болница „8-ми Септември“, информираат од компанијата.

Пакети свежо овошје од компанијата се донирани и во Клиничката болница во Штип, а пред неколку месеци во оваа болница оваа компанија донираше и над 300.000 денари.

-Општествено одговорните активности не запираат, а овој пат ги посветивме на нашите херои – здравствените работници кои работат 24/7 и се борат против овој вирус, давајќи огромна жртва за сите нас, максимално вложени во својата работа. Со овој знак на внимание сакаме да им изразиме голема благодарност, а ние продолжуваме и понатаму да придонесуваме кон општеството во кое делуваме и преку различни акции да помогнеме онаму каде што е најмногу потребно велат од менаџментот на Mozzart Bet.скс/лв/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close