Дописници МКДОпштински вести

Донирани пет кислородни апарати во Здравствениот дом – Крива Паланка

Здравствениот дом од Крива Паланка од денеска е снабден со пет нови апарати за концентриран кислород кои ќе бидат инсталирани во одделот кој е подготвен за прием и поддршка на пациенти со Ковид-19.

Крива Паланка, 3 април 2020, (МИА) – Здравствениот дом од Крива Паланка од денеска е снабден со пет нови апарати за концентриран кислород кои ќе бидат инсталирани во одделот кој е подготвен за прием и поддршка на пациенти со Ковид-19.

Директорот на Здравственито дом од Крива Паланка, Бранко Стаменковски истакна дека станува збор за апарати за концентриран кислород со што се олеснува дишењето на пациентите и со кои апарати се дава кислородна поддршка на евентуално заболените од коронавирусот.

– Овие апарати ги донираа неколкумина бизнисмени од општината, за што им укажувам благодарност, од мое име и од име на граѓаните. Со оваа донација нашиот здравствен дом е опремен со нови, современи апарати за пружање кислородна поддршка  кои ги заменуваат старите челично-алуминиумски боци што досега постојано се дополнуваа по празнењето при употреба, изјави Стаменковски.

Новите апарати имаат посебен начин на работа со тоа што го користат воздухот од околината и од околу 21 отсто количество кислород од воздухот го конвертираат во 95 процентен кислород, кој потоа преку маска се доделува на пациентите.

– Апаратите исто така имаат два канали за употреба, така што еден апарат може истовремено да опслужува два пациенти. Тоа подразбира дека овие пет апарати би можеле максимално да опслужат десет пациенти, доколку има потреба од тоа, додава Стаменковски.

Согласно препораките од Владата и Министерството за здравство, во кривопаланечкито здравствен дом е опремено посебно одделение на површина од 300 метри квадратни одделено од останатите простории, со посебен влез и капацитет од 15 легла за евентуално заболени од Ковид-19. Одделот е опремен со придружни пунктови за складирање лекови, храна, вода, медицински материјал и останато, потребни за пружање адекватна здравствена услуга.

Директорот упати уверување до граѓаните дека нема простор за загриженост, со оглед на тоа што болницата има доволен капацитет, опрема и медицински персонал за соодветна здравствена грижа за граѓаните на Крива Паланка. ид/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close