БизнисБизнис.Портал

Донирани дезинфициенти во вредност од 20 илјади евра за Oпштата болница Гостивар

Општата болница во Гостивар доби донација на дезинфекциски средства во вредност од 20 илјади евра од автомат клубовите „Адмирал“ кои се дел од Групацијата НОВОМАТИК. 

Гостивар, 26 јуни 2020 (МИА) – Општата болница во Гостивар доби донација на дезинфекциски средства во вредност од 20 илјади евра од автомат клубовите „Адмирал“ кои се дел од Групацијата НОВОМАТИК.

– Во ова неизвесно време кога сите се трудиме да го зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите најмили, кога здравствените работници и сите здравствени институции силно стојат во првите редови во борба против пандемијата од КОВИД-19 вирусот, се чувствуваме обврзани да пружиме помош онаму каде што е најпотребно, се вели во соопштението од автомат клубовите „Адмирал“.

Донацијата е дел од хуманитарна акција на повеќе компании, членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија кои донираа болнички кревети и дезинфикциони средства во пет различни здравствени институции во нашата држава. Донираните средствата од целата хуманитарна акција се во износ од 200.000 евра. аа/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close