Дописници МКДОпштински вести

Донирани 50 таблети за ученици со посебни потреби и од ранливи категории во Општина Тетово

Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ на Општина Тетово и сите училишта додели таблети со цел да се дадат на ученици со посебни потреби и од ранливи категории. Тие доделија 50 таблети кои ќе се распредат во 17 основни и средни училишта.

Тетово, 17 февруари 2021 (МИА) – Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ на Општина Тетово и сите училишта додели таблети со цел да се дадат на ученици со посебни потреби и од ранливи категории. Тие доделија 50 таблети кои ќе се распредат во 17 основни и средни училишта.

– Таблетите ги доделуваме на општината, па оттаму на училиштата и тие на децата бидејќи тие знаат да ги идентификуваат деца без разлика на етничка припадност. Свесни сме дека ова е донација е скромна. Ја донира ГИЗ Македонија, НАЛАС и ЗЕЛС ние сме како нивни субгрантисти. Ние имаме експерти кои ќе ги воведат во онлајн платформата за учење и ќе помогнат наставата да се одвива без проблеми, изјави Ферди Исмаили од „Сонце“.

Ахмед Ќазими, раководител на Сектор за јавни дејности и образование при Општина Тетово истакна дека оваа донација ќе помогне во напорите да се има сеопфатност на учениците да следат онлајн настава.

– Сите иницијативи што се во оваа насока за обезбедување на компјутери и за подобрување на процентот на вклученост на учениците се добредојдени. Тоа што е важно во оваа ситуција е што се наменети за учениците кои се од социјално загрозени семејства како и кон учениците што имаат посебни потреби и пропорционално во сите 17 основни и средни училишта, рече Ќазими.

Со оглед дека често има донации од невладините организации, според Ќазими ќе се успее во намерат таблети или лаптопи да има за сите повеќедетни семејства кои во исто време треба да следат настава преку интернет.

– Од основно образование, сите ученици од училиште имаат обезбедно лаптопи и таблети за следење на онлајн наставата од страна на основните училишта. Така да и во средните училишта процентот е висок но се надоградува. На пример сите семејства се обезбедени лаптопи но имаме семејства каде што има два -три ученика па овие донациии се за да се даде и на оние семејства каде има повеќе деца кои се во училишна возраст, рече Ќазими.

АДРР „Сонце“  во проект преку Ромски образовен фонд на ниво на земјава има донирано 400 таблети за деца Роми како најранлива категорија. ас/мс/

Back to top button
Close
Close