Општински вестиСкопје

Донирани 30 нови клупи во основното училиште „Аврам Писевски“ во Бардовци

Основното училиште „Аврам Писевски“ во Бардовци денеска доби 30 нови клупи за учениците кои ќе ја следат наставата со физичко присуство. 

Скопје, 25 септември 2020 (МИА) – Основното училиште „Аврам Писевски“ во Бардовци денеска доби 30 нови клупи за учениците кои ќе ја следат наставата со физичко присуство.

Клупите ќе бидат распоредени по повеќе училници за потребите на учениците од прво до трето одделение, односно оние кои од 1 октомври наставата ќе ја следат со физичко присуство.

-Овие клупи се донација од Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје. Оваа високо-образовна установа повторно ја потврдува својата општествена одговорност и грижа кон заедницата, особено во овој чувствителен период кога новата учебна година е предизвик за целото општество, соопштуваат од Општина Карпош.

Универзитетот донираше и компјутери за потребите на наставниот кадар на основното училиште „Лазо Трповски“.

Од Општина Карпош истакнаа дека продолжуваат да преземаат активности за безбеден почеток на учебната година, покрај обезбедување на ИТ поддршка за десетте основни училишта, спроведена е и целосна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на училиштата. ки/скс/

 

 

Back to top button
Close
Close