0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Донирани 210 таблети за ученици од Велес од АД „Макпетрол“

Општина Велес доби уште една донација во таблети за потребите на основните училишта.  „Макпетрол“ АД Скопје донираше 210 таблети во вредност од околу 1,2 милион денари, наменети за учениците од ООУ „Васил Главинов“ и за  подрачните училишта во Бузалково, Сливник, Клуковец, Раштани и Превалец.

Велес 2 февруари 2021 (МИА)Општина Велес доби уште една донација во таблети за потребите на основните училишта.  „Макпетрол“ АД Скопје донираше 210 таблети во вредност од околу 1,2 милион денари, наменети за учениците од ООУ „Васил Главинов“ и за  подрачните училишта во Бузалково, Сливник, Клуковец, Раштани и Превалец.

Градоначалникот Аце Коцевски на прес-конференција денеска искажа благодарност до менаџерскиот тим на  „Макпетрол“ како општествено одговорна кампанија за хуманиот гест да им помогне на учениците и семејствата од социјално ранливи категории.

Кон крајот на минатата година, Општина Велес обезбеди 260 таблети кои им ги додели на ученици од основните и средните училишта во градот. Преку Програмата за поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво „Ромактед“, обезбеди уште 35 таблети.

Тој информраше дека во тек е постапка за набавка на лаптопи за професорите на основните и средните училишта. Избран е најповолниот понудувач и веќе тече рокот за жалби.

Во набавката се порачани 238 лаптопи и уште седум десктоп-компјутери, наменети за училиштата. ад/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close