Дописници МКДОпштински вести

Донирани 20 лаптопи на основното училиште во Негорци

Докторката Благица Самарова, родена во Негорци, и нејзиниот сопруг, радовишанецот Иван Самаров, сопственик на камионска фирма, кои живеат и успешно работат во САД, денеска донираа 20 лаптопи на основното училиште „Ристо Шуклев“ од Негорци.

Гевгелија, 23 февруари 2021 (МИА) – Докторката Благица Самарова, родена во Негорци, и нејзиниот сопруг, радовишанецот Иван Самаров, сопственик на камионска фирма, кои живеат и успешно работат во САД, денеска донираа 20 лаптопи на основното училиште „Ристо Шуклев“ од Негорци.

Алтруизмот како вистинска вредност во животот, велат, го стекнале во основното образование, па својата благодарност за тоа што го постигнале до денеска ја изразувале преку донации за училиштата во Негорци и Радовиш каде завршиле основно образование.

Голема благодарнот за донацијата до нејзината поранешна ученичка и нејзинот сопруг изрази директорката на училиштето, Жаклина Линкова која истакна дека солидарноста во ова време невреме е карактеристична за луѓето кои ги сакаат детските намевки и нивните исполнети срца.

-Двајцата хуманитарци,Благица и Иван, поседуваат вредност што облагородува и што е уште поважно предизвикува радост и среќа кај децата. Ние сме горди затоа што нашите поранешни ученици, денеска успешни во своите професии, не ги заборавиле своите училишта, рече Линкова.

Благица и Иван минатата година на основното училиште во Негорци му подариле и 20 таблети. им/мч/

Back to top button
Close
Close