0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Дончиќ за „Ол-стар“ гласањето: Не мислам дека ќе го победам Леброн

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ зборуваше за трката со Леброн Џејмс во гласањето за стартните петорки на НБА „Ол-стар“ натпреварот.

Далас, 18 јануари 2020 (МИА) – Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ зборуваше за трката со Леброн Џејмс во гласањето за стартните петорки на НБА „Ол-стар“ натпреварот.

Џејмс и Дончиќ водат по третата рунда гласање на навивачите. Словенечкиот кошаркар има шанса да стане капитен на „Ол-стар“ тимот на натпреварот.

  • Ова е невообичаено. Мислам дека тоа нема да се случи, бидејќи се работи за Леброн. Но, тоа би било нешто посебно, рече Дончиќ.

Викендот на сите ѕвезди во НБА лигата ќе се одржи од 14-16 февруари во Чикаго. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close