0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Дончиќ постави рекорд во НБА

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постави рекорд во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Тој ноќеска против Сакраменто (114:110 по продолжение), постигна 34 поени, 20 скокови и 12 асистенции.

Орландо, 5 август 2020 (МИА) – Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постави рекорд во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Тој ноќеска против Сакраменто (114:110 по продолжение), постигна 34 поени, 20 скокови и 12 асистенции.

Според прес-службата на лигата, 21-годишниот Словенец стана најмладиот играч во историјата на НБА кој комплетираше трипл-дабл со најмалку 30 поени и најмалку 20 скокови.

Резултати на натпревари одиграни синоќа:
Милвоки – Бруклин 116:119
Сакраменто – Далас 110:114
ЛА клиперс – Феникс 115:117
Индијана – Орландо 120:109
Мајами – Бостон 112:106
Портланд – Хјустон 110:102. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close