0_Спорт.ПорталКошарка

Дончиќ посакува Порзингис да остане во клубот

Најдобриот играч на Далас маверикс, Лука Дончиќ, посакува Кристапс Порзингис да остане во клубот и следната сезона.

Далас, 8 јуни 2021 (МИА) – Најдобриот играч на Далас маверикс, Лука Дончиќ, посакува Кристапс Порзингис да остане во клубот и следната сезона.

– Тој е одличен играч. Не знам каков ќе биде нашиот состав во новата сезона. Се чини дека имаме неколку слободни агенти. Во НБА се е подредено така што секоја година имате нови партнери, па не знам што ќе се случи. Но, тој е одличен играч. Мислам дека треба да го користиме поактивно, истакна Дончиќ.

Претходно беше објавено дека Порзингис е незадоволен од неговата улога во Далас, наспроти важноста на 22-годишниот Словенец.

Американските медиуми шпекулираат дека двајцата кошаркари се во „војна“ кој да биде лидер на тимот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close