0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Дончиќ по победничките поени против Мемфис: Бев многу изненаден кога топката влезе во кошот

Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ се осврна на победата остварена ноќеска со тројка постигната со звукот на сирената на мечот со Мемефис гризлис (114:113).

Далас, 15 април 2021 (МИА) – Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ се осврна на победата остварена ноќеска со тројка постигната со звукот на сирената на мечот со Мемефис гризлис (114:113).

– Бев многу изненаден кога топката мина низ обрачот. Не без среќа. Откако погодив ги доживеав најдобрите емоции, едноставно најдобрите. Понекогаш ќе погодите во овие ситуации, но понекогаш ќе има и промашувања. Ова е важно да се разбере, ова е најважната работа. Ако тимот ми верува во такви моменти, јас ќе продолжам да работам на тоа, изјави Дончиќ.

За словенечкиот репрезентативец ова е четврти удар од далечина во неговата НБА кариера во последните пет секунди од последната четвртина или во продолженија, по што на тимот му донесе или победа или изедначување на резултатот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close