0_Спорт.ПорталФудбал

Дончиќ го критикуваше Далас по поразот од Јута

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ беше незадоволен од поразот од Јута (101:120) на мечот од регуларната дел во НБА лигата.

Далас, 30 јануари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ беше незадоволен од поразот од Јута (101:120) на мечот од регуларната дел во НБА лигата.

– Страшно. Јас би рекол дека во моментов нашата игра изгледа како да не ни е гајле дали ќе победиме или загубиме. Потребна ни е повеќе енергија, повеќе напор, поголема борба за секоја топка. Далас треба да подобри многу работи. Очекувам ние да го сториме тоа, изјави Словенецот за „Фокс Спортс“.

За Далас, поразот од Јута беше четврти по ред. Тимот падна на 13. место во Западната конференција со 8 победи и 11 порази. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close