БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Донации за Албанија: Хрватска и Австрија по еден милион, Грција 2,5 милони евра

Хрватска ќе донира еден милион евра на меѓународна донаторска конференција за да и помогне на Албанија да ја обнови својата здравствена и образовна инфраструктура по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември минатата година, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тирана/Брисел, 17 февруари 2020 (МИА) – Хрватска ќе донира еден милион евра на меѓународна донаторска конференција за да и помогне на Албанија да ја обнови својата здравствена и образовна инфраструктура по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември минатата година, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

– Хрватската Влада на седницата на 13 февруари одлучи да донира еден милион евра за реконструкција на здравствената и образовната инфраструктура во Албанија, истакна Пленковиќ на конференцијата во Брисел.

Во својот говор, Пленковиќ го спомена и самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во Загреб на 6 и 7 мај и изрази надеж дека ЕУ претходно ќе донесе одлука да отвори преговори со Албанија и Северна Македонија.

Според албанските медуми, Австрија на Албанија ќе и донира еден милион евра, додека Грција 2,5 милиони евра. вт/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close