Дописници МКДОпштински вести

Донации од граѓани за посиромашните семејства наспроти Велигден

На иницијатива на Биљана Дејаноска, во кругот на црквата„ Свети Петар и Павле“ во Кичево, заврши акцијата за донирање храна и средства за лична хигиена и хигиена во домаќинствата, за посиромашните жители на градот и општината, во очи на големиот верски празник Воскресение Христово-Велигден..

Кичево, 18 април 2021 (МИА) – На иницијатива на Биљана Дејаноска, во кругот на црквата„ Свети Петар и Павле“ во Кичево, заврши акцијата за донирање храна и средства за лична хигиена и хигиена во домаќинствата, за посиромашните жители на градот и општината, во очи на големиот верски празник Воскресение Христово-Велигден..

– Наспроти големиот верски празник Велигден во кругот на црквата „Свети Петар и Павле“ ја спроведувме третата акција во која се вклучуваат сите наши сограѓани, кои можат да донираат храна или средства за хигиена за посиромашните жители на градот и општината. Како што може да забележите нашите сограѓани се исклучително дарежливи луѓе и како резултат на нивната широкоградост се и големите количества на храна и средства за хигиена, вели иницијаторката Дејаноска и додава дека целта е на овој начин да им ги разубават Велигденските празници на сограѓаните кои припаѓаат во социјално загрозена категорија и го слават големиот верски празник.

Дејаноска најави дека во текот на утрешниот ден донираната храна и средства за хигиена ќе им бидат подарени на нашите посиромашни сограѓани.

– Подготвивме список на сограѓани кои припаѓаат во ранливата категорија на луѓе со нерешен социјален статус, на кои ќе им бидат подарени храна и средства за хигиена донирани од нашите сограѓани. Оваа категорија на луѓе ќе бидат посетени во нивните домови, каде ќе им биде врачена донацијата и се надеваме дека барем малку ќе им го разубавиме големиот верски празник Велигден, додаде Дејаноска.

Оваа акција се спроведува во соработка со свештенството од црковниот храм во Кичево. за/мс/

Back to top button
Close
Close