Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Донација за поддршка во онлајн наставата во беровските училишта

Берово, 7 мај 2021 (МИА) – Во Берово доделени се мобилни припејд картици со интернет, за поддршка на онлајн наставата во училиштата во оваа општина. Картиците како што информираа од Општината ќе бидат распределени за ученици од двете основни и средното училиште во Берово.

-Во соработка со општествено одговорна компанија Лајкамобајл Скопје и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” , донирани се вкупно 108 мобилни интернет припејд картици, за поддршка на онлајн наставата. Овие картици се доделени на двете основни и средното училиште во Берово, со цел учениците кои немаат пристап, или имаат послаба конекција, да добијат соодветни услови, за да можат непречено  да ја следат наставата, информираа од Општината.
Од картичките, како што додадоа, 23 се доделени на користење на ученици од ООУ ,,Никола Петров Русински”, 41 на ученици од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” и 44 во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово.
-Се надеваме дека овие картички ќе го олеснат процесот на организација на наставата, онаму каде што досега имаше одредени прекини од различни причини и секое дете ќе има можност непречено да биде вклучено во образовниот процес, кој што заради пандемијата од КОВИД 19, оваа година се одвива под посебни околности, додадоа од Општината.
Градоначалникот Пекевски, се заблагодари за примената донација  на донаторот и на организаторот и дека ова е пример за останати субјекти кои во иднина би се вклучиле во вакви и слични акции. вс/ки/

Back to top button
Close
Close