0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Донација од кинеската полиција за вработените во МВР

Во рамки на повеќедецениската билатерална соработка со кинеската полиција, a на претходно барање и остварена комуникација од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денеска преку кинеската амбасада МВР доби донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на вработените кои заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од вирусот „Ковид 19“.

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Во рамки на повеќедецениската билатерална соработка со кинеската полиција, a на претходно барање и остварена комуникација од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денеска преку кинеската амбасада МВР доби донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на вработените кои заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од вирусот „Ковид 19“.

– Овој денешен чин е уште еден показател за важноста и значењето на поддршката и пред се солидарноста меѓу државите особено кога се во прашање заканите кои глобални импликации, и чии што последици можат да бидат погубни , доколку не се реагира соодветно, благовремено и бескомпромисно, наведуваат од Министерството во соопштение.

Министерот Чулев, се вели во соопштението, изрази благодарност до пријателите од НР Кина за оваа хумана и за нас потребна донација со надеж дека и во периодот што претстои ќе можеме да се потпреме едни на други во насока на глобално надминување на оваа пандемија. мс/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close