0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Донација од Катар за справување со Ковид-19

Донацијата - помош за справување со Ковид 19 од Катар денеска ќе пристигне на Скопскиот аеродром со карго авион на катарската авио-компанија - Qatar Airways, соопшти Сепретаријатот за европски прашања.

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) –  Донацијата – помош за справување со Ковид 19 од Катар денеска ќе пристигне на Скопскиот аеродром со карго авион на катарската авио-компанија – Qatar Airways, соопшти Сепретаријатот за европски прашања.

Донацијата ќе ја пречекаат вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, во присуство на Хамад Јасим Ал- Махмуд, вршител на должност Амбасадор на Катар во земјава. вг/са/

 

 

Back to top button
Close
Close