0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Донација од хуманитарната организација „Свети Спас” за деца од семејства од социјален ризик во Берово

Во Берово беа доделени хуманитарни пакети за деца од социјално загрозени семејства. Пакетите со кондиторски производи се донација од хуманитарната организација „Свети Спас“ која, во соработка со Општината, денеска израдува 52 дечиња од Берово.

Берово, 1 февруари 2021 (МИА) – Во Берово беа доделени хуманитарни пакети за деца од социјално загрозени семејства. Пакетите со кондиторски производи се донација од хуманитарната организација „Свети Спас“ која, во соработка со Општината, денеска израдува 52 дечиња од Берово.
Хуманитарната организација „Свети Спас“ дејствува при Скопската православна епархија. Оттаму посочија дека целта на ваквите активности е да им се помогне на сите луѓе на кои им е потребна помош, без разлика на вера, националност и политичка определба.
-Со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, досега организацијата има помогнато на повеќе од 350 семејства на коишто континуирано, секој месец, им носи храна, хигиенски производи, облека и слично, посочија од хуманитарната организација.
Од Општина Берово истакнаа дека ваквите донации се надополнување на претходните донации од општествено одговорни фирми и поединци од општината и се важни за никој да не биде заборавен, особено во овој период на здравствена криза.
Градоначалникот Звонко Пекевски, кој додели дел од хуманитарните пакети, се заблагодари за досегашната поддршка и упати порака за хуманост до други организации и фирми да го следат овој пример. вс/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close