0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско ќе добие нови столчиња и ќе го зголеми капацитетот

Општина Градско доби пола милион денари од Министерството за култура со кои ќе набави 150 нови столчиња за замена на старите во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Општината.

Велес, 7 март 2020 (МИА) – Општина Градско доби пола милион денари од Министерството за култура со кои ќе набави 150 нови столчиња за замена на старите во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Општината.

Како што информира за МИА Роберт Бешовски, градоначалник на Општина Градско, сегашните 130 стари столчиња  ќе се заменат со нови, а капацитетот на седишта  од сегашните 130 ќе се зголеми на 150 столчиња со уште два нови реда.

-Старите столчиња ќе ги реконструираме и потоа ќе бидат пренаменети за потребите на гледалиштето во спортската сала на ООУ „Даме Груев“ во Градско и во други објекти кои се во сопственост на Општината информира Бешовски.

Инаку, Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ лоциран близу главната улици во централното подрачје на Градско и во близина на училиштето и на седиштето на Општината, е единствен со поголема сала во поширокиот регион каде се одржуваат културни и други значајни настани од сите области. ад/вг/

 

Back to top button
Close
Close