0_Македонија.ПорталОпштествоОпштински вести

Домот на културата Кочо Рацин во Лозово пренаменет во мултифункционлен објект за културни и спортски настани

Преку промената на кровната конструкција, поставувањето на термоизолациона фасада, променет дрвен ентериер, нов повеќенаменски под, опрема, и нови врати и прозори, се овозможи отворање на мултифункционален простор наменет за одржување на културни манифестации и спортски натпревари за граѓаните од општина Лозово, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Скопје, 6 февруари 2021 (МИА) – Преку промената на кровната конструкција, поставувањето на термоизолациона фасада, променет дрвен ентериер, нов повеќенаменски под, опрема, и нови врати и прозори, се овозможи отворање на мултифункционален простор наменет за одржување на културни манифестации и спортски натпревари за граѓаните од општина Лозово, соопшти Министерството за локална самоуправа.

– Со целосното спроведување на планираните проектни активности со вкупна вредност од 7.704.223 денари, во целното подрачје  значително ќе се подобри социо-културниот живот на жителите од општина Лозово, а културните работници и љубителите на културата ќе имаат свое место за промовирање на овчеполските традиционални фолклорни ора и песни, како и за уживање во културните манифестации кои што се одржуваат во општината. Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа учествуваат со 80 отсто од финансирањето на проектот, додека пак останатите 20 проценти ги обезбеди општината, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Во рамки на проектот реновиран е Домот на култура „Кочо Рацин“ што е изграден во 1985 година, ќе се користи и како спортска сала која ќе биде наменета за спортски настани.

– Овој објект беше 40 години нефункционален, денеска доби нов изглед се со цел да им служи на граѓаните за културни и спортски настани така што ќе може да го користат постојано во иднина. Горд сум како градоначалник и сакам да изразам голема благодарност и до Владата, рече градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски.

Објектот официјално го отворија министерот Милевски, градоначалникот Велковски, како и директорот на и Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи и директорот на Вардарски плански регион, Игор Андреевски. мс/бк/

 

Back to top button
Close
Close