0_Македонија.ПорталОригинални текстовиПолитички партии

ДОМ: Насилниците најостро да се санкционираат

Скопје, 2 април 2020

Скопје, 2 април 2020

Зелената партија ДОМ го осудува насилството врз девојката од Штип, што беше прикажано преку споделеното видео на социјалните мрежи и порталите.  ДОМ ја поздравува брзата реакција на Министерството за внатрешни работи и  Основното јавно обвинителство и бара насилниците најстрого да се санкционираат.

Истовремено апелираме до граѓаните и медиумите да не го споделуваат видеото, за да се спречи дополнителната виктимизација и стигматизација на девојката, жртва на родово базирано насилство.

Во време кога поради корона пандемијата е неопходно да останеме дома, за голем број жени домот не е безбедна средина. Апелираме до МВР и Министерството за труд и социјална политика да ги превземат сите неопходни мерки за спречување и заштита од насилство врз жените и домашно насилство.

Демократска обнова на Македонија

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close