Политички партии

ДОМ: Македонскиот јазик е историски факт и сегашна реалност

Условувањето на евроинтеграциските процеси на Р.С.Македонија со именување на македонскиот јазик како официјален јазик на Р.С. Македонија и откажување на Македонија од македонското малцинство во Бугарија, го нарушува Договорот за пријателство и добрососедство и понатамошното зацврстување на меѓусебното пријателство.

Скопје, 2 мај 2020 

Условувањето на евроинтеграциските процеси на Р.С.Македонија со именување на македонскиот јазик како официјален јазик на Р.С. Македонија и откажување на Македонија од македонското малцинство во Бугарија, го нарушува Договорот за пријателство и добрососедство и понатамошното зацврстување на меѓусебното пријателство.

Македонскиот јазик е историски факт и сегашна реалност. Од 1944 година македонскиот јазик е службен јазик во Македонија, а една година подоцна е кодифициран. Тој е меѓународно признат и се изучува на повеќе странски универзитети. Македонскиот јазик е прифатен и од Република Бугарија во Договорот за добрососедство и пријателство, како „македонски јазик согласно Уставот на Р.С. Македонија“. Оттука, барањето наместо терминот македонски јазик да се користи изразот “официјален јазик на Р.С.Македонија”, не е во духот на пријателството и добрососедството и го нарушува Договорот.

Прашањето на граѓаните кои живеат во Република Бугарија и се идентификуваат како Македонци треба да се решава согласно меѓународните конвенции за човекови и малцински права.

Зелената партија ДОМ длабоко верува дека сите прашања од интерес на двете соседни и пријателски земји, Р.С. Македонија и Република Бугарија, може да се разрешат со взаемна доверба и дијалог, со почитување на Договорот за пријателство и добрососедство.

ДОМ не се согласува со изнесеното мислење на г. Денко Малески дека Македонците и Бугарите биле ист, бугарски народ, а македонскиот револуционер, Гоце Делчев и македонскиот преродбеник, Крсте Петков Мисирков, етнички Бугари. Иако со Република Бугарија споделуваме некои историски настани и личности, македонскиот народ има свој посебен идентитет, а Гоце Делчев, Крсте Петков Мисирков и многу други револуционери и дејци кои се бореле за самостојна Македонија, се национални херои на македонскиот народ.

ДОМ – Канцеларија за односи со јавност

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close