0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталВидео изјаваМакедонија.СлајдерПолитика

Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификува Протоколот за НАТО

Долниот дом на шпанскиот Парламент изутринава го ратификува Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Долниот дом на шпанскиот Парламент изутринава го ратификува Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

За ратификацијата на својот фејсбук-профил напиша шефот на дипломатијата Никола Димитров.

– Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ЗА и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот …, напиша министерот за надворешни работи.

Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која сè уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се одолжи поради изборите и формирањето на Владата. Протоколот кај нас беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори. ац/са/

Back to top button
Close
Close