Дописници МКДОпштински вести

Долга редица од граѓани за имунизација пред штипската сала „Јордан Мијалков“

Пред салата „Јордан Мијалков“ денеска има редица од граѓани кои сакаат да се имунизираат, иако не добиле термин за вакцинација, а се пријавиле на апликацијата на Министерството за здравство. Граѓаните велат дека од вчера доцна попладнето е раширена информација на социјалните мрежи оти секој кој сака да се имунизира, може да ја прими вакцината на вакциналниот пункт.

Штип, 7 мај 2021 (МИА) – Пред салата „Јордан Мијалков“ денеска има редица од граѓани кои сакаат да се имунизираат, иако не добиле термин за вакцинација, а се пријавиле на апликацијата на Министерството за здравство. Граѓаните велат дека од вчера доцна попладнето е раширена информација на социјалните мрежи оти секој кој сака да се имунизира, може да ја прими вакцината на вакциналниот пункт.
Надлежните од Здравствен дом „Панче Караѓозов“ – Штип велат дека дошло до недоразбирање, откако вчера доцна попладнето почнале да ги вакцинираат граѓаните кои се од критичната инфраструктура и за кои имаат списоци од матичните институции.

Дијана Коцева-Миланов, лекар во Здравствен дом „Панче Караѓозов“ – Штип посочи дека ги радува што граѓаните имаат интерес за имунизација, но апелираат да доаѓаат на пунктот откако ќе добијат порака со термин.
-Старосната граница сега е спуштена на 68 години. Ги замолуваме матичните лекари да не им кажуваат на пациентите дека ќе бидат вакцинирани доколку дојдат овде. Мора да се стави ред бидејќи на овој начин граѓаните се изложуваат на ризик овде да заболат, рече Коцева-Миланова.
Во текот на вчерашниот ден се имунизирани 920 граѓани. Коцева-Миланова посочува дека и денеска продолжува имунизацијата на вработените во критичната инфраструктура какошто се пожарникари, вработени во комуналните претпријатија и локалните институции. Секој ден имаат по 1.200 закажани термин.
Инаку од пред два дена на Здравствените домови од источниот и југоисточниот регион им се транспортирани вакцини, со цел во матичните општини да се имунизира населението до 70 години, за да не патуваат до регионалниот пункт во Штип.вдј/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close