0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталДописници МКДОпштински вести

Доделени првите договори за закуп на земјиште во Светиниколскиот регион

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска на земјоделците и сточарите од Светиниколскиот регион им ги врачи договорите за закуп на земјоделско земјиште до три, но и над три хектари.

Штип, 8 февруари 2020 (МИА) – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска на земјоделците и сточарите од Светиниколскиот регион им ги врачи договорите за закуп на земјоделско земјиште до три, но и над три хектари.

-За јавниот оглас до три хектари ќе се склучат 86 договори, за вкупно 206 хекатри, за јавниот оглас над три хекатри ќе се склучат 63 договори за вкупно 800 хектари, или вкупно за овој регион на двата јавни огласи доделуваме 1.006 хекатри, државно земјоделско земјиште на коешто ќе се произведуваат различни земјоделски култури, вели Димковски.

Тој забележа дека денеска се врачуваат договорите на 20, а наредната недела на останатите земјоделци. Наменета на земјиштето е за подигање на овошни и лозови насади, потоа за хмељ, лешници, оранжерии, маслинарници, брзо растечки дрвја, рибници, пчелни семејства, рурален туризам и за други видови на култури.

-Двата огласи опфаќаат и дел од земјиштето на Агрокомбинатот „Џумајлија“, за којшто лани склучивме осум договори и се доделија 714 хектари. Овие два огласи за доделување на државно земјоделско земјиште ќе допринесат за зголемување на обработливите површини и производство на земјоделски производи, за поголеми приходи и секако за отварање на нови работни места, рече Димковски.

Тој забележа дека со денешниов оглас за над три хекатри земјоделско земјиште се отвараат и нови 50 работни места, а исто толку и за сезонски работници.

-Македонија е богата со плодна земја и вредни земјоделци, за коишто е важно да имаат парче земја за земјоделското производство. Затоа сите мерки кои ги преземаме се во насока секоја педа обработливо земјиште да биде во рацете на вистинските земјоделци, вели Димковски.

Посочи дека се реализирани реформи во делот на распределбата на земјоделското земјиште, со измените на законот.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашко Велковски е задоволен од аграрната политика во земјава, бидејќи какошто рече Свети Николе е најземјоделскиот крај во Брегалничкиот регион.

-Со распределбата на земјоделското земјиште се намалува и невработеноста во нашиот крај, односно се зголемуваат приходите по член на домаќинство. Верувам дека сите оние коишто конкурирале се задоволни од она што го имаат добиено, вели Велковски.

Земјоделецот, Аце Димитриевски од село Мустафино денеска склучи нов договор за закуп на земјоделско земјиште на околу 30 хектари, а оваа земјиште за него ќе значи и задоволување на потребите на муштериите и на фирмите, бидејќи на земјиштето произведува исклучиво органски земјоделски производи, кои ги пласира во Швајцарија.

-Имам план за проширување на производството, имам договори со странски фирми сега со зголемување на површината мислам дека ќе ги задоволиме и потребите на домшаниот пазар и фирмите со кои имаме договори со странство, вели Димитриевски.

Дваесет и три годишниот Влатко Тошев од селото Каратманово вели дека денеска го склучи договорот за закуп на земјиште до три хектари. Смета дека во земјоделството има перспектива, а неговото семејство е ориентирано кон житарици и мал дел имаат и овошни насади. вдј/аа/

 

Back to top button
Close
Close