Дописници МКДОпштински вести

Доделени наградите на 46. Детски поетски фестивал „Мајски цвет“ во Кочани

Во библиотеката „Искра“ во Кочани денеска беа соопштени имињата на добитниците на наградите на детскиот поетски конкурс „Мајски цвет“, што годинава се организираше по 46 пат.

Кочани, 31 мај 2021 (МИА) – Во библиотеката „Искра“ во Кочани денеска беа соопштени имињата на добитниците на наградите на детскиот поетски конкурс „Мајски цвет“, што годинава се организираше по 46 пат.

Поради здравствените протоколи, наградените и останатите учесници не беа физички присутни на доделувањето, а откажано беше и одржувањето на традиционалниот поетски фестивал.

Првата награда ја доби ученичката Бранкица Јовевска, членка на библиотеката „Кочо Рацин“ од Пехчево, за поетската творба „Молитва за спас“, а второнаградена е Нина Бојановска од литературниот клуб на Домот на културата „Крсте Мисирков“ од Свети Николе, за песната „Што е љубовта. Покрај нив, доделени се и две трети награди, а три поетски творби добија пофалници.

-Годинава на конкурсот учествуваа ученици од шесто до деветто одделение од шест основни училишта и пет библиотеки во државата. Заклучок на оценувачката комисија е дека испратените творби се карактеризираат со висока поетска изразност, ритмичност и рима, и сите носат силни пораки. Исто така, забележлив е посебниот есеистички израз во поетска форма, за што пофалба заслужуваат и учениците и нивните ментори, истакна Магдалена Кочовска Салтирова од општинската библиотека „Искра“ – Кочани.

Колективни награди на овогодишниот поетски фестивал „Мајски цвет“ добија и училиштето ОУ „Гоце Делчев“ од Виница, јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево, литературниот клуб „Процвет“ при Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип. Наставничката Сања Атанасовска од ОУ „Никола Карев“ од Кочани ја доби наградата за најдобар ментор.та/ир

Back to top button
Close
Close