Дописници МКДОпштински вести

Доделени награди за најдобрите ученици Роми во Делчево

По повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април,  во Делчево доделени наградите на најдобрите ученици Роми во Делчево за учебната 2020/21. За најдобар средношколец Ром во Делчево е прогласен Џастин Мемедов, ученик во 4-3 клас гимназиско образование, со просек 4,73 и примерно поведение во Средното општинско училиште „М.М Брицо“.

Делчево, 8 април 2021 (МИА) – По повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април,  во Делчево доделени наградите на најдобрите ученици Роми во Делчево за учебната 2020/21. За најдобар средношколец Ром во Делчево е прогласен Џастин Мемедов, ученик во 4-3 клас гимназиско образование, со просек 4,73 и примерно поведение во Средното општинско училиште „М.М Брицо“.
Најдобри ученици Роми во основното образование се прогласени Јасин Мемедов, ученик во 9 одделение во деветолетката „Ванчо Прке“ и Селина Бекирова ученичка во шесто одделение во деветолетката „Св.Климент Охридски“.
Доделувајки им ги наградите, градоначалникот Горан Трајковски им го честиташе празникот и успесите во образовниот процес и истакна дека овие парични награди на најдобрите ученици Роми во Делчево се традиционални и претставуваат мотивација на учениците да постигнуваат подобри резултати во образованието.
– Ценејќи дека соодветното образование е една од алките која дава можност за конкурентност на пазарот на трудот и основа за понатамошен индивидуален професионален развој и со цел мотивација за постигнување подобри резултати во образованието кај ромската заедница, традиционално по повод Меѓународниот ден на Ромите, Општина Делчево ги наградува одличните ученици Роми во образовните институции. Верувам дека со успеси во образованието и натпревар во знаења може да се оствари посакуваната цел во животот, рече Трајковски.
По повод празникот Трајковски упати честитки и до ромската заедница од Делчево.
– Општина Делчево посветено работи за социјална кохезија, решавање на инфраструктурните проблеми во населбите каде што претежно живеат Роми, но и за инклузија на ромското население во сите сфери од општественото живеење, додаде Трајковски.
Наградените ученици од Општина Делчево добија парична награда која за средно образование изнесува 10.000 денари, додека за основното образование 5.000 денари. вс/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close