Дописници МКДОпштински вести

Доделена паричната награда на првороденото бебе во Делчево за оваа година

Општина Делчево ја продолжи традицијата на доделување награда за првороденото бебе и во оваа година година.

Делчево, 8 јануари 2020 (МИА) – Општина Делчево ја продолжи традицијата на доделување награда за првороденото бебе и во оваа година година.
Наградата, која за секое првороденче изнесува 10 илјади денари, ја додели делчевскиот градоначалник Горан Трајковски. Тој денеска го посети малиот Нино, кој е прва рожба во домот на Марија и Горан Илиевски од делчевското село Бигла.
– Денеска го посетивме домот на семејството Илиевски на кое му ја честитавме радоста. Општина Делчево и годинава издвои 10.000 денари за малиот Нино, кој согласно со информацијата од матичните гинеколози од Здравствениот дом и Службата за превенција и имунизација е првото родено новороденче во 2020 година, рече Трајковски.
Малиот Нино Илиевски се роди на 1 јануари 2020 година во 10:25 часот во штипската болница и е првиот жител на Делчево во 2020 година.
Општина Делчево за новороденчиња во општината исплаќа по три илјади денари еднократна парична помош и 10.000 денари за првото новородено во годината. Минатата година по овој основ се исплатени 316.000 денари за 102 новороденчиња во општината. вс/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close