ЕвропаЕвропа.Портал

Доцнат возовите под Ламанш поради дефект кај Евротунелот

Возот на релација Лондон - Париз, кој поминува низ тунелот под Ламанш, денеска доцнеше, првиот ден по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Лондон, 1 февруари 2020 (МИА) – Возот на релација Лондон – Париз, кој поминува низ тунелот под Ламанш, денеска доцнеше, првиот ден по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Како што пренесуваат странските агенции, возот не доцни поради Брегзит, туку поради интервенција за отстранување дефект.

На веб страницата на „Евростар“ пишува дека оваа сабота утринските возови кои сообраќаат под Ламанш ќе доцнат повеќе од два часа.

Компанијата соопшти дека причината за доцнењето на возовите се „продолжени инжинерски работи во Евротунелот и дефекти во приодите на тунелот“, притоа најавувајќи брза нормализација на сообраќајот.

Во нормални околности супер брзите возови од Лондон до Париз патуваат за околу 150 минути.

Доцнат и возовите на релација Лондон – Брисел. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close