0_Магазин.ПорталЗанимливости

Добротворна аукција за Ковид-19 фондот

Наддавањето има за цел - премостување на јазот во собирањето средства за решавање нови и итни закани од Ковид-19.

Лондон, 5 мај 2020 (МИА) – Британска аукциска куќа „Кристи“ ќе организира наддавање за Ковид-19 фондот којшто е во рамки на Фондацијата за истражување на СИДА-та (АМФАР). Ова уследи по откажувањето на добротворниот фестивал во Кан поради пандемијата.

Колекционерите и уметниците подарија неколку современи уметнички дела, од коишто некои никогаш и не се видени во јавноста, се вели во соопштението на „Кристи” и АМФАР. Како што се истакнува, аукцијата има за цел – премостување на јазот во собирањето средства за решавање нови и итни закани од Ковид-19.

Главната цел на Фондацијата е пронаоѓање лек за вирусот.

Датумот на аукцијата сѐ уште не е објавен, но би требало да се совпадне со пролетното наддавање на „Кристи“ во Њујорк, закажано за 22 јуни, недела. си/

Таг
Back to top button
Close
Close