Дописници МКДОпштински вести

Доброште без поплавени куќи откако превентивно е срушен мост

Градоначалникот на општина Теарце Исен Асани информира дека во селото Доброште нема поплавени куќи, иако се излеа реката Габровница - Доброшка река, откако во горниот дел од селото ноќеска е срушен мост. Тоа е направено во превентивна насока, за да може речната вода и наносите да не се излеваат и да не ги поплават околните куќи.

Тетово, 24 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на општина Теарце Исен Асани информира дека во селото Доброште нема поплавени куќи, иако се излеа реката Габровница – Доброшка река, откако во горниот дел од селото ноќеска е срушен мост. Тоа е направено во превентивна насока, за да може речната вода и наносите да не се излеваат и да не ги поплават околните куќи.

– Два дена по ред врнеше и водостојот беше голем. Во месноста Карабунар на Шар планина има уште снег и тоа се природните закони, така се создаде многу вода. Дадов наредба на две фирми со багери да се урне мостот во горниот дел од Доброште за да се спречи поплава поголема. Тоа се рабоптеше од 19 до 22 часот и да не направевме тоа кој знае што ќе се случеше. После 22 до 2 часот работевме на регионалниот пат Тетово-Јажинце но не можевме да спречиме излевање и се повлековме, изјави Исен Асани.

Проблеми како што рече имало и во Теарце, каде се излеала реката Бистрица.

-За среќа во Теарце во споредба со овде нема голема штета. Урната е само една плевна. Овде големи штети има на регионалниот пат Тетово-Јажинце, што воедно овие два дена сметам дека нема да може да се користи. Паднати се електрични столбови па некаде немаше и електрична енерегија, а се урна и една работилница на патото кон Одри, додаде Асани.

Во 2015 година реката Поника, која исто така поминува низ Доброште поплави десетици куќи во јужниот дел од селото.ас/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close