0_Спорт.ПорталФудбал

Добра вест за Тотенхем и Англија пред ЕП 2020

Така, напаѓачот има шанси да учествува наЕП 2020. Во последниве денови се шпекулираше дека Кејн нема да присуствува на најголемиот фудбалски собир на континентот.

Лондон, 19 јануари 2020 (МИА) – Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, започнал со процесот на закрепнување по операцијата на бутот. Според британски „Телеграф“, англискиот репрезентативец ќе може да се врати на тренинзи за 9 недели. Тоа значи дека тој може да се врати на теренот кон средината на април.

Така, напаѓачот има шанси да учествува наЕП 2020. Во последниве денови се шпекулираше дека Кејн нема да присуствува на најголемиот фудбалски собир на континентот.

Sвездата на Тотенхем оваа сезона има одиграно 25 натпревари, постигнувајќи 17 гола. Кејн беше редовен носител за Спарс за време на празничната програма во англиската Премиер лига и на 1 јануари на крајот од натпреварот против Саутемптон се здоби со истегнување во задниот дел од левиот бут и мораше да го напушти теренот.

Таг
Back to top button
Close
Close