0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерПолитика

До утре напладне амадмани за законот за ЈО, потоа нова средба за тоа кои амадмани ќе бидат прифатени

Утре до 12 часот политичките партии кои имаат забелешки на Предлог-законот за јавно обвинителство треба да поднесат амадмани, по што најверојатно во понеделник ќе се одржи нова средба на која ќе се разговара за тоа кои амадмани се прифатливи. Ова е исходот од денешната средба на работните групи на политичките партии кои скоро два часа разговараа во Собранието.

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) – Утре до 12 часот политичките партии кои имаат забелешки на Предлог-законот за јавно обвинителство треба да поднесат амадмани, по што најверојатно во понеделник ќе се одржи нова средба на која ќе се разговара за тоа кои амадмани се прифатливи.

Ова е исходот од денешната средба на работните групи на политичките партии кои скоро два часа разговараа во Собранието.

Министерката за правда Рената Дескоска по средбата изјави дека дел од партиите уште на денешната средба доставиле амадмани, дел најавиле дека тоа ќе го сторат утре, а ВМРО-ДПМНЕ доставиле забелешки кои експертите ги изнеле на јавната расправа што беше организирана за Предлог-законското решение.

– Она што го видовме низ изразени амандмани денеска од пратеничките групи кои навистина се желни, сакаат да влезат во процесот на носење на законот, ме охрабрува и мислам дека ќе има приближување на ставовите, рече Дескоска.

За ВМРО-ДПМНЕ кои доставиле забелешки од експертите, Дескоска рече дека побарано од нив е да подготват амадмани исто како и другите политички партии и да ги достават до утре до 12 часот.

–  Очекуваме ако имаат конструктивен приод во процесот на носење на законот, тоа и да го направат. Но останува и тоа е нивно право, да не дадат амандмани, рече Десксоска.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак го повикаа Министерството за правда да организира средба со правните експерти кои дале забелешки на јавната расправа и заедно со нив да направат амандмани на предлог-законот.

– Доколку Министерството за правда има политичка волја оваа тема помалку да се политизира, би било добро Министерство за правда како надлежна институција да ги повика овие експерти и со нив врз основа на нивните јавно искажани забелешки кои не се политички туку струлни да изговтат амадмани кои ќе наидат на пошироко одобрување и поголем консензус за овој закон. Ако одиме на полтизирање на самите амадмани, шансите за консензус ќе бидат помали, рече Милошоски, додавајќи дека остануваат отворени за нови средби.

Според нив, е многу подобро амадмани да бидат направени во соработка со правните експерти, отколку амадмани да поднесуваат политичките субјекти.

Демократската партија за интеграција излезе со оценка дека денешната срдеба била конструктивна но забелешки имаа бидејќи во текстот на зкаонот не се вметнати 10-те амадмани од Комисијата за европски прашања. Според ДУИ, би требало во законот да се отсклика и Законот за употреба на јазиците и да се запази правичната застапеност на заедниците во Јавното обвинителство.

– Рековме дека би требало да се отслика и Законот за употреба на јазиците во рамки на Јавното обвинителство, а исто така да се намалат критериумите за да се запази правичната застапеност на заедниците во ЈО, изјави пратеникот Артан Груби по завршување на средбата.

Денешната средба на работните групи во проширен состав следува по дводневната јавна расправа на која претставници на политичките партии и експерти од оваа област имаа можност да ги изнесат своите забелешки.

Останува отворено прашањето дали партиите ќе успеат да ги усогласат ставовите за да може Парламентот да го донесе законот до распуштањето на Собранието.

Според претседателот на Парламентот Талат Џафери, има деловничка можност Предлог-законот да биде веднаш ставен на собраниска седница доколку текстот биде усогласен.

– Има таква деловничка можност, изјави Џафери на средбата со новинарите, додавајќи дека сè зависи од волјата на парламентарниот состав.

На неопходноста од донесување на законот за ЈО изминатите денови укажуваа и владините претставници и меѓународната заедница.

За донесувањето на законот неопходно е двотретинско мнозинство во Парламентот. бак/дма/

 

Back to top button
Close
Close