0_Македонија.ПорталОпштество

До средината на следната недела локално невреме со дожд, грмежи и ветер

Синоптичарите најавуваат нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи до крајот на денот. Слично време се очекува и утре - сончево и многу топло претпладне и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град во попладневните часови. Минималната температура утре ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде висок - 9.

Скопје, 2 јули 2020 (МИА) – Синоптичарите најавуваат нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи до крајот на денот.

Слично време се очекува и утре – сончево и многу топло претпладне и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град во попладневните часови. Минималната температура утре ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде висок – 9.

Во Скопје за утре се најавува слично време со услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До средината на наредната седмица ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со локално невреме и изолирана појава на град. бак/дма/

Back to top button
Close
Close