Дописници МКДОпштински вести

Дојранските жени го организираа традиционалниот фестивал на специјалети од храна

Здружението на жени „Дојрана“ беше домаќин и организатор на традиционалната 16. по ред манифестација „Дојран гурман фест“, на која домаќинките од Дојран ја подготвуваат богатата софра со јадења карактеристични за ова поднебје.

Гевгелија,13 јули 2021 (МИА) – Здружението на жени „Дојрана“ беше домаќин и организатор на традиционалната 16. по ред манифестација „Дојран гурман фест“, на која домаќинките од Дојран ја подготвуваат богатата софра со јадења карактеристични за ова поднебје.

На богатата трпеза вредните домаќинки од Дојран ги изложија познатите специјалитети од риба на трска, пржен  крап, ќофте од икра, сукани пити и зелници, како и препознатливите десерти татлија и раванија.

–Сите рецепти по кои ги подготвуваме јадењата ги научивме од нашите баби и мајки од кои добивме и аманет да ги пренесуваме од генерација на генерација. Ние тоа ќе продолжиме да го правиме токму преку оваа манифестација, велат вредните домаќинки и организаторите.

Со традиционалната манифестација „Дојран гурман фест“ всушност се означува и почетокот на туристичката сезона, која годинава со попуштање на ковид мерките, се очекува да биде многу побериќетна.им/бт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close