Некатегоризирано

Дојран ќе им понуди попусти и бесплатен паркин на српските туристи

Дојранскиот градоначалник Анго Ангов и директорот на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски, договорија летово српските туристи во Дојран да добијат попусти во туристичко угостителските објекти и бесплатен паркинг.

Гевгелија, 15 април 2021 (МИА) – Дојранскиот градоначалник Анго Ангов и директорот на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски, договорија летово српските туристи во Дојран да добијат попусти во туристичко угостителските објекти и бесплатен паркинг.

Покрај ова, беше договорена и засилена промоција на Дојран како туристичка дестинација во регионот како би се искористиле можностите од транзитниот туризам со реализација на повеќе од 150.000 ноќевања годинава.

Овој гест следува како одговор на наедамнешната донација од Србија која на земјава и донираше вакцини против Ковид-19 во вредност од околу 700.000 евра.

-Целта е со овој гест да возвратиме на хуманоста и солидарноста од Србија,но и да им помогнеме на домашните туристички работници кои периодов се во криза како и со олеснувањата да дадеме придонес српските туристи да не ја одминат Македонија како туристичка дестинација, велат Ангов и Јаневски. им/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close