0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономија

До крајот на следната недела се очекува да бидат затворени сите приговори за платежните картички

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска на прес-конференција во одговор на новинарско прашање рече дека од 50.000 приговори за домашните платежни картички од проектот „Купувам домашно“ стигнати на адреса на Генералниот секретаријат на Влада, е извршена категоризација на сите пораки, а од нив се лоцирани околу 30.000 матични броеви, а одговорено е на над 15.000 пораки. До крајот на неделата, како што истакна, се очекува да биде одговорено на сите приговори.

Скопје, 20 јуни 2020 (МИА) – Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска на прес-конференција во одговор на новинарско прашање рече дека од 50.000 приговори за домашните платежни картички од проектот „Купувам домашно“ стигнати на адреса на Генералниот секретаријат на Влада, е извршена категоризација на сите пораки, а од нив се лоцирани околу 30.000 матични броеви, а одговорено е на над 15.000 пораки. До крајот на неделата, како што истакна, се очекува да биде одговорено на сите приговори.

Рече дека овие матични броеви се испратени до соодветните институции на Агенцијата за вработување, УЈП, МОН, МТСП, се со цел да се изврши проверка и да се информира дали се работи за техничка грешка и лицето навистина треба да спадне во групата и ги исполнува јасно поставените критериуми, и доколку е така сите граѓани, кај кои што е направена техничка грешка, таа ќе биде исправена и ќе ги добијат платежните картички.

– До крајот на следната недела очекуваме да бидат затворени. Ова е огромен процес на анализа на приговорите, проверка по институциите и имање финален податок и информација, истакна Ангеловска.

Во врска со прашањето за здравствените работници, кои треба да добијат 40 проценти од нето платата при што кај некои се направени грешки при исплатата, Ангеловска одговори дека Фондот за здравство го информирал Генералниот секретаријат дека имало одредени грешки во листите и истите се корегирани.

– Информирана сум дека тие имаат доставено корегирана листа согласно корекции на оние матични броеви коишто им биле  нецелосни и згрешени, како и на износите, бидејќи здравствените работници како што е ветено ќе си добијат 40 проценти од основната нето плата на својата домашна платежна картичка, истакна Ангеловска. нд/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close