Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

До крајот на годината Велика Британија го напушта единствениот пазар на ЕУ

Велика Британија ќе го напушти единствениот пазар на Европската унија и царинската унија до крајот на годината, без оглед на исходот од разговорите и компаниите треба да се подготват за тоа, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

Лондон, 3 јуни 2020 (МИА) – Велика Британија ќе го напушти единствениот пазар на Европската унија и царинската унија до крајот на годината, без оглед на исходот од разговорите и компаниите треба да се подготват за тоа, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

– Ние ќе продолжиме конструктивно да им пристапуваме на стратегиите и напорно да работиме за да постигнеме договор, но без оглед на исходот од преговорите, ќе го напуштиме единствениот пазар и царинската унија на крајот на годината, рече портпаролот.

– Затоа компаниите мора да се подготват за живот по 31 декември, што многу од нив веќе го направија, додаде тој. ссм/

Back to top button
Close
Close