ОпштествоСкопје

До Град Скопје пристигнаа 1.964 апликации за субвенции за инвертери

Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега поднесени се 1.964 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.500 барања, информира Град Скопје.

Скопје, 30 јули 2020 (МИА) – Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега поднесени се 1.964 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.500 барања, информира Град Скопје.

Оттаму ги потсетуваат граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, на кој граѓаните може да аплицираат онлајн.

-Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ, нагласуваат од Градот.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување може да се најдат на линкот: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020 . вј/скс/

Back to top button
Close
Close