ЕвропаЕвропа.Портал

Дојава за бомба во неколку словачки судови

Неколку словачки судови денеска добија дојава за подметната бомба, вклучувајќи го и Врховниот суд во Братислава, соопшти словачката полиција.

Братислава, 14 мај 2020 (МИА) – Неколку словачки судови денеска добија дојава за подметната бомба, вклучувајќи го и Врховниот суд во Братислава, соопшти словачката полиција.

Полицијата ги пребарува сите судови за да утврди дали дојавата е лажна.

Меѓу судовите што утрово добија дојава е и Специјализираниот кривичен суд во Банска Бистрица. ки/јт/

Таг
Back to top button
Close
Close