0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници СветПолитика

До 15 јуни забранет влез во Грција за државјани на трети земји

Грчката влада одново да ја продолжи, до 15 јуни 2020 година, мерката „за забрана за влез за државјани на трети земји освен на држави од Европската унија и Шенген зоната“, а заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, здравство и внатрешни работи, веќе е објавена во Службен весник, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 14 мај 2020 (МИА) – Грчката влада одново да ја продолжи, до 15 јуни 2020 година, мерката „за забрана за влез за државјани на трети земји освен на држави од Европската унија и Шенген зоната“, а заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, здравство и внатрешни работи, веќе е објавена во Службен весник, јави дописничката на МИА од Атина.

До утре во 15 часот во сила е одлуката на министрите за здравство, за инфраструктура и транспорт и за поморство на Грција, за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни поврзувања со Северна Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија; привремено ограничување на сите авионски, морски, железнички и патни поврзувања со Албанија и забранет е влез во Грција за албански државјани и привремено прекинување на морското и авионското поврзувањето со Италија и воздушниот сообраќај со Шпанија.

Во однос на тоа дали оваа мерка на грчката влада ќе биде продолжена, но и како ќе се одвива копнениот туризам во Грција, кој е важен дел не само за северниот дел на земјата, туку и за туристите од балканските земји и дали можеби ќе се бара посетителите пред патувањето да треба да имаат направено тест, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите,  рече дека се ќе биде вклучено во владиниот план за туризмот што ќе се презентира во следните денови.

-Ќе постојат неопходните измени, за сите туристи, навремено да знаат што ќе се случи и каде смеат и каде не смеат да се движат, но што се однесува генерално на протоколите и што се однесува на прашањата во врска со планот за туризмот, ќе треба да почекате неколку денови за да имате целосни одговори, рече Пецас. ср/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close