СветСвет.Портал

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот со коронавирусот досега се заразени 7.665.033 лица. Од нив починале 425.646, а оздравеле 3.882.040 луѓе.

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Според последните податоци, во светот со коронавирусот досега се заразени 7.665.033 лица. Од нив починале 425.646, а оздравеле 3.882.040 луѓе.

– Лек, кој може успешно да го лекува и спречи Ковид-19, се тестира на пациенти во неколку американски градови, објави фармацевтската компанија „Регерон“. Ова е прв тест на коктел со антитела на Ковид-19 во САД. Ако тестирањето се покаже како успешно, Регерон се надева дека лекот би можел да биде достапен уште наесен. Клиничките испитувања почнаа во средата, а компанијата најавува дека лекот ќе се тестира врз четири групи пациенти:  хоспитализирани со Ковид-19, оние кои имаат симптоми на болеста, но не се хоспитализирани, на здрави лица кои се во групата на ризик да се разболат и на здрави луѓе кои биле во близок контакт со заразено лице.

– Во Албанија во последното деноноќие регистрани се 31 случај на новозаразени со Ковид-19, 33 оздравени и едно починато лице. Вкупната бројка на заразени се зголеми на 1.416, од нив оздравени се 1.034, додека починале 36 лица. Активни на болеста се 346, од кои болнички се лекуваат 48 пациенти, а од нив седум се на интензивна терапија. Поради зголемениот број новозаразени во текот на неделава, премиерот Еди Рама преку порака на Фејсбук се закани дека повторно ќе воведе забрана за движење.

– Австралија го елиминираше коронавирусот од многу делови на земјата, соопштија властите. Минатата недела, Австралија објави 38 случаи на коронавирус. Повеќе од половина од заразените се луѓе кои се вратиле во Австралија од странство, а тие веќе се во карантин во хотели. Премиерот Скот Морисон претходно најави дека натпреварите со 10.000 публика може да бидат организирани во јули, како и дека е можно студенти од странство кои студираат во Австралија да доаѓаат во земјата.

– Со вкупно 297.535 случаи, Индија е четврта земја во светот по број на луѓе заразени со вирусот. САД се на прво место, Бразил е на второто место, а Русија е на третото место. Во последните 24 часа, во Индија се пријавени 10.956 нови случаи.  Вкупно се регистрирани над 8.500 смртни случаи.

– Бројот на новозаразени со коронавирусот во Русија во последните 24 часа е 8.987, со што нивниот вкупен број е 511.423. Најмногу заразени се повторно во Москва – 1.714, во московскиот регион – 730, во регионот Свердловск – 320, а во Санкт Петербург – 274.  Во моментот, 235.338 се лекуваат од Ковид-19 во Русија, а 269.370 луѓе веќе се оздравени. Бројот на смртни случаи од вирусот во последните 24 часа е 183, а вкупно 6.715 од почетокот на епидемијата, што е 1,3 проценти од сите заразени.

– Националната организација за јавно здравје на Грција, денеска соопшти 20 нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број на заразени се зголеми на 3.108 лица.

– Од 1.289 направени анализи, на Кипар се регистрирани пет нови случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, заразени се 980 лица. 

– Во последните 24 часа во Германија починаа осум лица како резултат на коронавирусот. Вкупно 8.763 луѓе починале од вирусот во таа држава. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, заразени се 185.674 лица, додека во последните 24 часа се пријавени 258 нови случаи.

– Здравствените власти во Франција забележуваат „континуирано намалување на ширењето на Ковид-19 од пред повеќе од девет недели и не постојат знаци кои покажуваат враќање на епидемијата“ во земјата, со исклучок на Гвајана и Мајот (прекуокеански територии и департмани на Франција).

– Во последните 24 часа, 5.793 лица се тестирани на коронавирус во Србија. Заразата е потврдена кај 73 лица, a ниту едно лице не почина од коронавирус. Од почетокот на епидемијата, во Србија се потврдени 12.117 случаи на инфекција.

– Тајландските власти соопштија дека на 15 јуни ќе го укинат полицискиот час и ќе им дозволат на рестораните да продаваат алкохолни пијалоци. денеска се потврдени само четири случаи на заразени со коронавирус и сите се Тајланѓани кои се вратиле од странство.

– Во Пекинг се пријавени два нови случаја на Ковид-19, еден ден откако е забележан првиот случај во последните речиси два месеца, поради што властите ги одложија плановите за враќање на некои ученици во училиштата. Засега не е познато како се заразени.

– Јужнокорејскиот експерт за заразни болести Џунг Еун-кјеонг изрази загриженост поради брзината на пренесувањето на новиот коронавирус во густо населението главен град Сеул, каде од крајот на мај секојдневно се регистрираат меѓу 30 и 50 новозаразени. Тој истакна дека просечната стапка на зараза на носителите на вирусот во Сеул е речиси трипати поголема отколку во остатокот на земјата.

– Во Белорусија во последните 24 часа се потврдени 704 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 52.520, соопшти белоруското Министерство за здравство. Тоа е најнизок дневен пораст на новозаболени во последниот еден и пол месец. Починаа пет лица, а вкупниот број на смртни случаи досега е 298.

– Бројот на лица кај кои е откриено присуството на новиот коронавирус во Косово достигна до 1.326, откако вчера беа потврдени 28 новозаболени. Во истиот период, регистрирани се и осуммина новооизлекувани, со што бројката на лица кои ја пребродија болеста се искачи на 921. Од заболените досега починале вкупно 31 лице, од кои сите страдале и од други тешки болести. Бројот на активни носители на вирусот во моментов во Косово изнесува 374. Во четвртокот се извршени тестирања на 228 лица, а вкупно, од појавата на епидемијата, се тестирани 17.707 лица. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close