Svet.SlajderСветСвет.Портал

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот до сега има 6.622.757 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 388.974, а оздравеле 3198.069 луѓе.

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Според последните податоци, во светот до сега има 6.622.757 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 388.974, а оздравеле 3198.069 луѓе.

– Во последните 24 часа, едно лице починало во Србија како резултат на коронавирусот, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство, covid19.rs. Вкупниот број  жртви од почетокот на епидемијата е 246. Од последниот пресек на состојбата во Србија, досега се тестирани 4.024 лица на коронавирус, а вирусот е потврден кај 48 од нив. Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија, заразени се 11.571 лица, а излекувани се 6.910 пациенти.

Во приватниот дом за стари лица „Масовна зелена куќа“ во Петроварадин-Нови Сад, регистрирана е коронавирусна инфекција кај 22 корисници и шест вработени, изјави претседателот на покраинската влада, Игор Мировиќ. Тој на прес-конференција рече дека станува збор за изолиран случај и дека нема потреба од паника.

– Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека од вторникот, заклучно со денеска во 15 часот, регистриран е еден смртен случаи од Ковид-19, односно 180 од почетокот на епидемијата, а позитивни се уште 15 лица, со што бројот на заразени се зголеми на 2.952 лица.

– Министерството за здравство на Република Кипар попладнево соопшти дека не е регистриран ниту еден нов случаи на Ковид-19 од анализирани 1.996 примероци. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 958 лица.

– Во изминатото деноноќие во Албанија се регистрирани 13 новозаразени со Ковид-19, од кои 11 се во Тирана, каде моментно активни на болеста се 183 од вкупно 266 заболени. Во Инфективната клиника хоспитализирани се 23 пациенти, петмина се на интензивна терапија, додека еден е интубиран. Од почетокот на пандемијата направени се 17.099 тестирања, при што позитивни на вирусот биле 1.197. Од вкупната бројка 75 отсто или 898 се излекувале, додека 33 починале.

– Русија денеска пријави уште 8.831 случај на коронавирус, со што вкупниот број заразени во земјата достигна  441.108. Центарот за одговор на корона-кризата наведува дека во изминатите 24 часа уште 169 лица починале од последиците од вирусот. Досега се пријавени 5.384 смртни случаи во Русија.

– Мексико го надмина САД по бројот на смртни случаи од последиците од коронавирусот на дневно ниво, откако Министерството за здравство регистрира рекордни 1.092 смртни случаи во таа земја.Тоа е повеќе од двојно од претходниот рекорден број жртви на дневно ниво, кој изнесуваше 501.

Во Мексико во текот на вчерашниот ден се пријавени рекордни 3.912 случаи на заразени со Ковид-19, со што вкупниот број заразени во втората по големина економија во Латинска Америка достигна 101.238. Вкупно починале 11.729 луѓе, со што Мексико е седма земја во светот со најголем број смртни случаи од коронавирус, според Центарот за системска наука и инженерство Џон Хопкинс.

– Здравствените власти во Пакистан соопштија дека во земјата има 85.264 лица заразени со Ковид-19, а 1.770 се починати. Пакистан го укина карантинот на почетокот на мај, иако бројот на нови случаи и натаму расте. Си-Ен-Ен наведува дека зголемениот број заразени најверојатно е поради поголемиот број тестирања. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close