Svet.SlajderСветСвет.Портал

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 26.931.948 лица. Од нив починале 881.191, а оздравеле 19.026.093 луѓе.

Скопје – Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 26.931.948 лица. Од нив починале 881.191, а оздравеле 19.026.093 луѓе.

Белград – Во Србија во последните 24 часа биле тестирани 7.848 лица , од кои 77 се позитивни на коронавирусот. Уште две лица починаа од Ковид-129, објавено е на веб-страницата covid19.rs.
Во Србија, од почетокот на епидемијата, на вирусот се тестирани вкупно 974.411 лица, а потврдени се 31.849 случаи на инфекција.
Вкупниот број смртни случаи од почетокот на епидемијата е 723.

Приштина – Бројката на жртви на Ковид-19 во Косово се искачи на 556, откако во минатите 24 часа се регистрирани нови петмина починати. Вчера со методот РЦ-ПЦР се тестирани 464 лица, при што кај 117 од нив е откриено присуството на вирусот. Вкупно од појавата на епидемијата заболени од Ковид-19 резултирале 14.027 лица. Вклучително вчерашните 131 новоизлекувани, бројката на лица кои ја совладале болеста достигна до 10.431, а активни носители на вирусот се 3.040 лица.

Подгорица – Во Црна Гора, од 591 анализиран примерок, потврдени се 147 случаи на коронавирус, а едно лице почина како резултат на инфекцијата.
Вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на јуни е 98, а од почетокот на годината 107, соопшти Институтот за јавно здравје. Вкупниот број потврдени случаи на заразени со коронавирус изнесува 5.422, пренесува РТЦГ.

Атина – Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 187 нови случаи на Ковид-19, а почина уште едно лице. Од почетокот на епидемијата, во земјата се регистрирани 280 смртни случаи и 11.386 заразени лица.

Никозија – Министерството за здравство на Кипар соопшти дека има пет нови случаи на Ковид-19 од направени 3.033  тестови во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.507 лица.

Букурешт – Во Романија се пријавени нови 1.269 случаи на коронавирус, објави денеска Групата за стратешка комуникација (ГЦС).
До денеска, во Романија се потврдени вкупно 93.864 случаи на Ковид-19, пренесува романската агенција Агерпрес. Уште 38 пациенти починаа, со што вкупниот број на смртни случаи во Романија достигна 3.850.

Будимпешта – Во Унгарија, во изминатите 24 часа, од Ковид-19 починаа три лица, додека бројот на заразени со коронавирус е зголемен за 510 на 7.892, соопшти денеска Владата на таа земја.
Вкупниот број смртни случаи изнесува 624, а 3.952 лица се излекувани, пренесува унгарската агенција МТИ.

Братислава – Во Словачка, 226 нови случаи на коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, најмногу од почетокот на пандемијата.
Бројот на смртни случаи од Ковид-19 остана непроменет – 37. Стапката на смртност од коронавирус во Словачка е меѓу најниските во Европа.

Виена – Во последните 24 часа, во Австрија се регистрирани 358 нови случаи на коронавирус, од кои 206 се во Виена. Од почетокот на епидемијата во Австрија, 29.087 лица биле позитивно тестирани за вирусот, додека 24.828 се излекувани.

Москва – Русија во последните 24 часа  потврди 5.205 случаи на Ковид-19 во 84 региони, од кои 1.249 (24 проценти) се активни и луѓето не покажале клинички симптоми, се вели во соопштението на Центарот за реакции. Во истиот период, Русија регистрирала 110 смртни случаи, со што вкупниот број изнесува 17.759 смртни случаи.

Бразилија – Во Бразил во последните 24 часа биле потврдени 51.194 нови случаи на коронавирус, а 907 лица починале, објави Министерството за здравство.
Досега се пријавени 4,1 милиони случаи во таа земја, што ја прави втора во светот по број на заразени, по САД. Вкупниот број смртни случаи во Бразил сега е 125.521.

Пекинг – Во Кина, 20-ти ден по ред, не се евидентирани локално пренесени случаи на коронавирус, а пријавени се нови 10 увезени случаи, соопшти денеска Националната здравствена комисија. Во земјата се пријавени 85.112 случаи од почетокот на епидемијата, а починале 4.634 лица.

Њу Делхи – Во Индија вкупниот број лица заразени со коронавирус надмина четири милиони, со рекорден раст денеска, што ја прави трета земја во светот, по САД и Бразил. Според Сојузното Министерство за здравство, денеска има 86.432 новозаразени, најголем број досега. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close