СветСвет.Портал

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 26.634.913. Од нив починале 876.000, а оздравеле 18.779.749 луѓе.

Скопје – Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 26.634.913. Од нив починале 876.000, а оздравеле 18.779.749 луѓе.

Белград – Во Србија во последните 24 часа се потврдени 96 нови случаи на коронавирус, а три лица починале.
Во моментов има 39 пациенти на респиратори, покажуваат новите податоци на Министерството за здравство. Од почетокот на епидемијата во Србија регистрирани се вкупно 31.772 случаи на Ковид-19, а починале 721 лице.
До денеска се тестирани вкупно 966.563 лица.

Приштина – Во Косово во изминатите 24 часа се регистрирани тројца починати, 119 новозаболени и 187 излекувани од Ковид-19. Вклучително последните официјални статистики, во земјата од почетокот на епидемијата има 551 починат и 13.910 заразени. Болеста ја совладале вкупно 10.300 лица, така што активни се 3.059 случаи. Вчера се извршени 474, а од почетокот на пандемијата 53.090 тестирања на лица за кои постоело сомневање дека се заразени од вирусот.

Тирана – Министерството за здравство и социјална заштита информираше дека во последното деноноќие во Албанија регистрирани се нови 123 случаи со Ковид-19, излекувани се 150 лица, додека починале пет пациенти. Во оваа земја направени се 66.197 тестови (заедно со последните 857), позитивен резултат е добиен кај 9.967, оздравеле 5.882, починале 306, додека активни на болеста се 3.779 лица. И понатаму се зголемува бројот на оние на кои им е неоходно болничко лекување. Во двете Ковид болници хоспитализирани се 190 пациенти, од нив 18 се на интензивна терапија, додека осум се интубирани.

Софија – Во Бугарија, во последните 24 часа се потврдени 158 нови случаи на коронавирус, а 10 лица починаа, според официјалната веб-страница за следење на епидемијата.
Во моментов има 4.182 активни случаи во Бугарија.
Од почетокот на епидемијата во таа земја, вкупно се заразени 16.775 лица, од кои 658 починаа.

Атина -Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 202 нови случаи на Ковид-19, а почина уште едно лице. Од почетокот на епидемијата, во земјата се регистрирани 279 смртни случаи и 11.200 заразени лица.

Никозија -Министерството за здравство на Кипар соопшти четири нови случаи на Ковид-19 од направени 1.810 тестови во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.502 лица.

Загреб – Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 334 нови случаи на заразени со вирусот Ковид-19 и еден смртен случај, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Бројот на активни случаи денеска е 2.703.
Меѓу нив, 283 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 15 се на апарати за дишење.
Тестирани се 4.047 примероци.
Заклучно со 25 февруари, во Хрватска се заразени вкупно 11.428 лица, од кои 195 починале.

Љубљана – Во Словенија, во последните 24 часа, од 1.733 тестирани за коронавирус, 47 биле позитивни. Уште две лица се хоспитализирани.
Во моментот има 24 пациенти во болниците, од кои тројца се на интензивна нега, пренесува агенцијата СТА.
Нема смртни случаи поврзани со коронавирус.
Постојат 505 активни случаи.
Вкупно се заразени 3.079 лица, а досега починаа 134 лица.

Букурешт – Во Романија, во последните 24 часа се потврдени нови 1.339 случаи на коронавирус, а 47 лица починаа, соопшти кризниот штаб на земјата.
Во тој период биле тестирани 25.177 лица, пренесува Агерпрес.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Романија од почетокот на епидемијата сега е 92.595, а починале 3.812 лица.

Будимпешта – Бројот на новозаразени со коронавирусот во Унгарија е зголемен за 459, што е најголем број од почетокот на пандемијата.
Вкупниот број на заразени сега е 7.382, се наведува на веб-страницата koronavirus.gov.hu, објави МТИ.
Еден пациент починал од коронавирус, така што вкупниот број на смртни случаи е 621.

Прага – Во Чешка бројот на новозаразени со Ковид-19 продолжи да расте, достигнувајќи рекордно ниво – повеќе од 600 заразени втор ден по ред.
Министерството за здравство објави дека бројот на новозаболени во изминатите 24 часа достигна 680, што е нов рекорд.
Чешка има вкупно 26.452 заразени со Ковид-19 и 426 смртни случаи. Во моментов, 177 лица се хоспитализирани, додека 40 се на интензивна нега.

Москва – Во Русија се регистрирани 5.110 нови случаи на заразени коронавирус, со што вкупниот број пациенти достигна 1.015.000.
Ова е рекорден број на нови случаи од 15 август, објави Кризниот штаб.
Во последните 24 часа, 121 пациент починал како резултат на Ковид-19, што е повеќе од вчера кога починаа 114 лица, пренесува агенцијата ТАСС.

Техеран – Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Иран е зголемен за 118 на вкупно 22.044, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за здравство, Сима Садат Лари.
Според неа, во изминатите 24 часа се регистрирани 2.026 нови случаи.
Вкупниот број заразени сега е 382.772.

Мексико Сити – Најмалку 7.000 здравствени работници во светот починаа од коронавирус, повеќето од нив во Мексико, соопшти Амнести Интернешнл.
Според податоците на таа организација, 1.320 здравствени работници починале од коронавирусот во Мексико, 1.077 во САД, 634 во Бразил, 573 во Индија …

Повеќе од 610.000 случаи на заразени со коронавирус и речиси 66.000 смртни случаи се пријавени во Мексико.
Амнести Интернешнл побара дополнителна помош за здравствените работници, посочувајќи го Бразил како пример за земја во која здравствените работници се жалат на недостиг на заштитна опрема. паг/

 

I

 

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close