Svet.SlajderСветСвет.Портал

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.482.974 лица. Од нив починале 300.397, а оздравеле 1.684.365 луѓе.

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.482.974 лица. Од нив починале 300.397, а оздравеле 1.684.365 луѓе.

– Напорите за контрола на пандемијата со коронавирусот би можеле да бидат загрозени доколку граѓаните се спротивстават на препораките на владите, предупреди денеска регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

– Грција денеска беа соопштени десет нови случаи на Ковид-19, а почина уште едно лице. Вкупно, заразени се 2.770 лица, а бројот на смртни случаи се зголеми на 156.

– Министерството за здравство на Република Кипар попладнево соопшти само два нови случаи на Ковид-19, од 1.659 анализирани примероци, со што бројот на лица позитивни на новиот коронавирус се зголеми на 907.

– Институтот за јавно здравство на Косово во својот последен извештај за состојбата со пандемијата на Ковид-19, објави дека во земјата во средата се извршени 255 тестирања, при што се потврдени осум нови случаи на заразени од новиот коронавирус. Вкупно заболени, од појавата, пред околу два месеци, на првите случаи на заразени се 927 лица. Во периодот на кој се однесува последниот извештај на косовските здравствени власти не се забележани случаи на излекувани и на починати, така што, според официјалните статистики, во Косово има 671 излекуван и 29 починати од Ковид-19. Според овие официјални статистики, во земјата моментно има 227 активни носители на новиот вирус. Вклучително вчерашните податоци, во Косово, заклучно со вчерашниот ден, се извршени вкупно 10.642 тестирања.

– По неколкудневната минимална, едноцифрена бројка, во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 18 новозаразени со Ковид-19,од нив 11 во Тирана. -Во последното деноноќие тестирани се 191 сомнителен случај, при што позитивен резултат има кај 18 од нив. Со тоа вкупната бројка на заразени изнесува 898, додека 77 отсто од заболените или 694 се излекувани,изјави Еугена Томини од Институтот за јавно здравје. Според неа моментно заразени се 173 лица, а болнички се третираат помалку од 11 отсто од нив,додека состојбата на останатите се следи од матичните лекари.

– Во изминатите 24 часа, во Србија се регистрирани два нови смртни случаи, вкупно се починати 224 лица. Регистрирани се и 79 нови заразени или вкупно имаат 10.374 лица коронавирус.
– Во Италија, во последните 24 часа починале од Ковид-19, 262 лица, а други 992 се заразиле, што го зголемил бројот на пријавени случаи во таа земја на 223.096 и бројот на смртни случаи на 31.368. Од 992 нови случаи на инфекција, повеќето се во Ломбардија – 522. Денешниот број на новозаразени е поголем од вчера, кога беа регистрирани 888 нови случаи. Италија почнува следната недела тест на репрезентативен примерок од 150.000 луѓе во 2.000 градови и населени места за да се утврди обемот на епидемијата, изјави пред Парламентот Агостино Миоцо, шеф на владиниот научен комитет.
– Москва, епицентарот на епидемијата на новиот коронавирус во Русија, го најави денеска почнувањето на кампања за масовно тестирање за да се утврди вистинското ниво на инфекција и присуството на антитела кај населението. „Од петок, 70.000 жители на главниот град ќе бидат избрани по случаен избор секој трет ден за истражувањето, единствено во светот“, рече градоначалникот на Москва Сергеј Собијанин. „Во секој даден момент, ќе знаеме точно колку московјани се заразени со коронавирусот и колку имаат развиен имунитет. И што е најважно, која е вистинската динамика на ширењето на болеста”, додаде градоначалникот на својот блог.
-Споредено со вчерашниот ден, во Полска починаа уште 22 лица, а 411 се заразија со Ковид-19. Бројот на регистрирани случаи во таа држава се искачи на 17.615, а бројот на смртни случаи на 883. Завчера, Полска забележа најголем дневен број новозаразени земји од почетокот на пандемијата – 595. Училиштата остануваат затворени до 24 јуни.

Back to top button
Close
Close