Дописници СветСветСвет.Портал

ДНЦ критикуван поради измени во правилата за учество во претседателската трка во САД

Демократскиот национален комитет (ДНЦ), главно тело на американската Демократска партија, се најде на удар на критики од прогресивните кругови во партијата поради изменетите услови за учество во демократските дебати, со што му овозможува на милијардерот Мајкл Блумберг да стапи на сцена со другите претседателски кандидати.

Вашингтон, 3 февруари 2020 (МИА) – Демократскиот национален комитет (ДНЦ), главно тело на американската Демократска партија, се најде на удар на критики од прогресивните кругови во партијата поради изменетите услови за учество во демократските дебати, со што му овозможува на милијардерот Мајкл Блумберг да стапи на сцена со другите претседателски кандидати.

Блумберг е поранешен републикански градоначалник на Њујорк.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Блумберг минатата недела извршил поединечно спонзорство за Демократската партија во висина од 800 илјади долари, јави Ем-Ес-Ен-Би-Си“.

Новите услови на ДНЦ се удвоен процент на популарност и укинат праг на индивидуални спонзорства.

За да учествуваат во наредните дебати, после онаа во Њу Хемпшир која се одржува в петок, кандидатите треба да имаат просечен рејтинг од најмалку 10 отсто во вкупно четири анкети спроведени од 15 јануари до 18 февруари или да имаат 12 отсто рејтинг во две анкети спроведеии во Невада и Јужна Каролина.

После дебатата во Њу Хемпшир, следната дебата е на 19 февруари во Лас Вегас, Невада и секој кандидат кој ќе добие по најмалку еден делегат од партиските собранија денесka во Ајова или на првичните избори во Њу Хемпшир на 11 февруари, исто така ќе се квалификува за дебатата во Лас Вегас.

Сепак, за критичарите, поважен момент е укинувањето на прагот на индивидуални спонзорства, правило кое важеше за првите осум дебати и ќе важи само за следната во Њу Хемпшир.

Блумберг одбива да прима донации од индивидуални спонзори и своата кампања ја базира на самофинансирање, со назнака дека сака да остане независен од „специјални интереси“. Поради тоа, тој не го исполнуваше условот со праг на индивидуални спонзорства и беше изземен од претходните дебати, за разлика од останатте кандидати чии кампањи се највеќе засновани на индивидуалани спонзорства.

Некои критичари како режисрот Мајкл Мур, сметаат дека ова е уште едно „штелување“ од страна на демократите и нивниот естабилишмент, за таквите кандидати како Кори Букер или Хулијан Кастро да се отстранат од „тотално белите“ дебати во Ајова .

-Ним не им е дозолено да настапат на дебатите, но затоа ќе дозволат на сцената да застaне Мајк Блумберг затоа што тој има… милијарда долари, порача гневно Мур од дебатна говорница во Ајова викендов.

Промената на правилата, според многумина, нема да ја отсликува масовната поддршката што ја уживаат кандидатите како Берни Сандерс или Елизбат Ворен, кои имаат можност да соберат значајни бројки на пари од поеднинечни донации во мали суми.

Поранешниот раководителна ДНЦ, Том Перез, го бранеше ова правило со ставот дека „во современиот свет не можете да станате претседател ако не воспоставите грасрут врска со масите“.

ДНЦ ја брани својата одлука со тоа што сегашните правила со анкети, партиски собранија и првични избори најдобро се мери популарноста на кандидатите. Иако Блумберг воопшто не одржа митинзи во Ајова, местото од каде во САД традиционално стартува целиот процес за избор на демокарстки кандидат за претседател.

Наместо тоа, Блумерг инвестира вртоглави суми за реклама на национално ниво.

За својата кампања за номинација претседателски кандидат, њујоршкиот милијардер само до декември 2019 година има потрошено 200 милиони долари за реклами низ цела Америка, многу повеќе од вкупно потрошените средства на сите кандидати сумарно.

А само за време на синоќешниот Супербол 54, најважниот спортски настан во САД, за политичка реклама тој издвои 11 милиони долари. кб/ссм/

Back to top button
Close
Close