ОпштествоОригинални текстови

ДИЖС: Инспекциски надзори во ЈП Депонија Дрисла – Скопје и Булмак 2016, Рудник Пробиштип

По претставка од граѓани за можно одлагање на опасен отпад во ЈП Депонија Дрисла, Скопје, Државниот Инспекторат за животна средина изврши проверка на целосната документација за добивање А-Интегрирана Еколошка Дозвола, а во деновите 19 и 25 август изврши вонредни инспекциски надзори на лице место во ЈПДКО Дрисла Скопје, лоцирана во с.Батинци Општина Студеничани, при што е изготвен Записник за констатација со бр.ИП1 15-336, при што е констатирано дека правниот субјект врши редовно депонирање на комуналниот отпад кој се носи од општините на територијата на градот Скопје и останати општини, а приемот на истиот се врши согласно законската регулатива и условите во А Интегрираната Еколошка Дозвола.

Back to top button
Close
Close