Дописници МКДОпштински вести

„Дивите“ таксисти и непроменетата цена на превозот, најголеми проблеми на таксистите од Берово

Непроменетата цена за авто-такси услугата, лошата вертикална сигнализација и појавата на диви такси превозници, се клучните проблеми со кои се соочуваат беровските авто-такси превозници.

Берово, 7 февруари 2020 (МИА) – Непроменетата цена за авто-такси услугата, лошата вертикална сигнализација и појавата на „диви“ такси превозници, се клучните проблеми со кои се соочуваат беровските авто-такси превозници.

Тие ги изнесоа проблемите пред општинските власти и претставниците на сообраќајната полиција, а  заедничката средба се одржа во Кабинетот на градоначалникот Звонко Пекевски.

На средбата беше заклучено постојката за такси во центарот на градот да се премести од десната страна на улицата. Целта е поефикасно користење и полесна контрола на возилата.

-Како еден од најважните, таксистите го наведоа проблемот со цената на превозот која не е променета со години. Исто така, состојбата со дивите такси превозници и обележаните такси постојки на кои не се почитува паркирањето за таксисти, како и вертикалната сигнализација беа наведени како проблеми на кои треба да се посвети внимание, информираа надлежните.

За останатите проблеми ќе се бараат решенија. Нов состанок е закажан за наредниот период, со обврска сите проблеми и приоритети такси-превозниците да ги решаваат координирано, со сите засегнати страни од оваа област. вс/мч/

Back to top button
Close
Close